Дома Топ вести Милан на кинески мотор не запира: Пристигна трето, а наскоро и четврто засилување!

Милан на кинески мотор не запира: Пристигна трето, а наскоро и четврто засилување!

Милан е еден од клубовите кои се најактивни на трансфер пазарот, што е јасен сигнал дека новото раководство сака да ги врати „росонерите“ на врвот на италијанскиот фудбал.

После трансфероте на Мусакио (18 милиони) и Кесие (28 милиони), денес на прегледи во Милано пристигна Рикардо Родригез од Волфсбург кој треба да биде третото засилување за „росонерите“ ова лето.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Милан и Волфсбург постигнаа договор за трансфер од 15 милиони евра плус 3 во име на бонуси, а Родригез ќе потпише 4-годишен договор со „росонерите“.

„Среќен сум што доаѓам во Милан. Ова е голем клуб и ќе го дадам максимумот. Форца Милан“, изјави 24-годишниот лев бек.

Италијанските медиуми тврдат дека Милан постигнал договор и за 4-то засилување, а тоа е Лукас Биглиа од Лацио.

Аргентинскиот репрезентативец во наредните денови се очекува да пристигна на прегледи во Милано, а „росонерите“ за него ќе платат 22 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Флик избрал засилување: Тргнува по ѕвездата на Баерн

Во последните неколку години, Барселона има проблеми со финансисите, па поради тоа и клубо…