Дома Трансфер зона Милан му го „краде“ договореното засилување на Интер?

Милан му го „краде“ договореното засилување на Интер?

Раководството на Милан е многу внимателно со играчите на кои им истекува договорот на крајот на сезоната, па покажуваат интерес за фудбалерот кој веќе беше виден во дресот на Интер.

Станува збор за играчот на Јувентус, Квадво Асамоа кој на крајот на сезоната ќе биде слободен агент, а медиумите беа сигурни дека ќе се пресели во Интер.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Нероаѕурите“ веќе долго време преговараат со неговиот агент и се блиску до договор, но сега и Милан се вклучи во траката за неговиот потпис.

Искусниот фудбалер од Гана може да игра и како лев бек и како играч за врска, па Милан смета дека ќе биде одлична алтернатива за Франк Кеси.

Асамоа веќе нашол куќа во Милано и сигурно од следната сезона ќе игра на „Сан Сиро“, но сега останува да видиме во кој дрес.

Наводно Лео Бонучи ги презел работите во свои раце и сака да го убеди својот пријател да се пресели во Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…