Дефанзивецот на Специја, Јакуб Кифор игра одлично и го привлече вниманието на Милан и Јувентус.
22-годишниот Кифор минатата сезона се етаблираше во еден од најдобрите млади дефанзивци во Серија А и покажа дека е огромен потенцијал.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тој одигра одлично и на Мундијалотл, па го привлече вниманието на многу европски клубови, а најсилен интерес за него покажуваат Милан и Јувентус.
Според медиумите „росонерите“ се во пол-позиција за полскиот дефанзивец, но Јувентус исто така работи на трансферот.
Специја за слободата на Кифор бара 30 милиони евра, па останува да видиме кој ќе ја добие битката за неговиот потпис.