Милан минатата година го донесе Тео Хернандес од Реал Мадрид и тоа се покажа како една од најдобрите аквизиции за „росонерите“ изминатите години.
Милан повторно оваа сезона сака да пазарува од Мадрид, а „Скај Италија“ открива дека двата клуба преговараат и за талентот на „кралевите“ Оскар Родригез, кој оваа сезона игра на позајмица во Леганес.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Росонерите“ се сериозно заинтересирани за офанзивниот играч за врска, кој оваа сезона постигна 9 гола и запиша 5 асистенции на 29 настапи.
Милан наводно е спремен да плати 20 милиони евра за неговиот потпис, а Реал нема против да го продаде фудбалерот.
Единствен проблем во моментов е што Реал сака да стави „бај-бек“ клаузула во договорот за да може да го врати играчот во наредните две сезони.
? CM: #ACMilan believe Real Madrid playmaker is perfect fit for Pioli's system – the two alternativeshttps://t.co/zdEKhsDkjr #SempreMilan
— SempreMilan (@SempreMilanCom) August 21, 2020