Златан Ибрахимовиќ ја игра последната сезона во кариерата, па Милан веќе почна да бара негов наследник.
Примарна цел на „росонерите“ следното лето ќе биде доведување на врвен напаѓач, а најголема желба е Мауро Икарди.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Малдини веќе стапил во контакт со неговиот пријател Леонардо и започнале преговори за трансфер на Икарди.
Аргентинецот може да пристиге на „Сан Сиро“ на позајмица за 10 милиони евра плус 40 милиони за откуп следната година.
Икарди не добива голема минутажа во Париз поради големата конкуренција и е спремен да се врати во Серија А.