Чарлс де Кетеларе минатото лето пристигна во Милан како големо засилување, но не ги оправда очекувањата.
Милан за неговиот потпис плати 35 милиони евра, а Де Кетеларе важеше за еден од најголемите белгиски таленти.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Белгиецот воопшто не се вклопи во Серија А и ја грееше клупата за резерви, па Милан е спремен да го продаде ова лето, а интерес за него покажуваат Астон Вила и Њукасл.
Премиерлигашите испратиле понуди од 25 милиони евра, но Милан за неговата продажба сака да добие 30 милиони евра.
Сепак, преговорите продолжуваат и се очекува во наредните денови клубовите да дојдат до договор и Де Кетеларе да се пресели во Премиер лигата.