Дома Топ вести Милан бара напаѓач, три имиња на списокот

Милан бара напаѓач, три имиња на списокот

Италијанските медиуми пренесуваат дека главна трансфер цел на Милан во следниот преоден рок ќе биде доведување на напаѓач, кој ќе биде алтернатива за Ибрахимовиќ.

Прв на списокот е талентираниот холандски напаѓач Донјел Мален. Овој 20 годишен напаѓач на ПСВ, кој ја помина академијата на Ајакс и Арсенал игра одлична сезона и веќе дебитираше со гол за холандската репрезентација.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Милан сака да ја победи конкуренцијата и веќе започнал преговори со неговиот агент Мино Раиола, а неговата цена во моментов изнесува помеѓу 20 и 30 милиони евра.

Втор на листата желби е Андреа Белоти, кој се уште го нема продолжено договорот со Торино, но конкуренцијата за неговиот потпис е голема.

На крајот се споменува и Влаховиќ, кој има фантастична сезона во дресот на Фиорентина, но проблем е неговата цена од 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…