Дома Топ вести Миланско дерби за Лингард

Миланско дерби за Лингард

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Џеси Лингард би можел кариерата да ја продолжи во Италија.

Како што денес објавија бројни англиски медиуми, Лингард разговоарал со поранешните соиграчи Крис Смолинг и Ешли Јанг за животот во Италија.


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Лингард беше талент кој многу ветува, но и оваа сезона одигра катастрофално и е мета на навивачите на Манчестер Јунајтед, па поради тоа клубот е спремен да го продаде.

Тој влезе во последната година од договорот, па ова е вистински момент Јунајтед да заработи на неговото заминување.

Негов нов менаџер е Мино Раиола, кој треба да му обезбеди трансфер во Италија, а интерес покажуваат миланските гиганти Интер и Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Пеколна нокаут фаза: Шпанија, Франција, Германија и Португалија од иста страна

Веќе е при крај групната фаза на Европското првенство и полека се право костурот за нокау …