Дома Македонски спорт Мак баскет МЗТ Скопје го покажа квалитетот во дербито против Работнички

МЗТ Скопје го покажа квалитетот во дербито против Работнички

MЗТ Скопје денес го покажа квалитетот и убедливо славеше против Работнички со 87:66.

Работнички во сезоната влезе со променет состав и амбициите не беа највисоки, но сепак едно вакво издание од момците на Тони Симиќ не се очекуваше, а и не му доликуваше. МЗТ водеше од почетокот до крајот и заслужено се радуваа на победата.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


На полувреме МЗТ водеше со 24 поени разлика (52:28). Нападот на Работнички не функционираше, па разликата констатно растеше и во еден момент таа изнесуваше највиоски 33 поени (68:35). Во последниот период тренерот на МЗТ ротираше и пробуваше нови опции, па така Работнички се избори барем за поблаг пораз.

Најдобар кај МЗТ беше Бојан Крстевски со 18 поени, Дамјан Робев уфрли 16, а Немања Милошевиќ го заврши мечот со 14 поени. Во поразениот тим на Работнички Џексон Пол најмногу се истакна со 14 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…