Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси суеште не го продолжил својот договор со Барселона кој истекува на крајот на наредната сезона.
Меси веќе неколку месеци преговара со каталонскиот клуб, но сеуште двете страни не пронашле договор. Секако, веднаш започнаа шпекулации дека Аргентинецот би можел да замине, а последна во низата е дека Меси би можел кариерата да ја продолжи во Кина.
Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
Аргентинецот денес го слави својот 30 роденден и беше расположен за изјави, посебно интересен беше одговорот за интересот на клубовите од Кина.
„Останувањето Барса е нешто за кое сонував и го сакав. Слушнав за интересот на клубовите од Кина и не можам да кажам да кажам дека тоа е невозможно. Во фудбалот се е можно. Работите се менуваат преку ноќ, но искрено за сега не сум размислувал да заминам во Кина“, изјави Меси.