Дома Топ вести Меси сонува да се врати во Барселона

Меси сонува да се врати во Барселона


Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓



Лионел Меси сонува да се врати во својата сакана Барселона, пишува каталонскиот новинар Жоан Фонтес.

Тој го опиша патот по кој се доаѓа до затоплување на односите помеѓу аргентинската ѕвезда и каталонскиот гигант.

А церемонијата за доделување на „Златната топка“ Меси одби да има било каков контакт со членовите од раководството на Барселона. Меѓутоа, Чави е во постојан контакт со Меси, па Аргентинецот почнал да има телефонски разговори со некои членови од бордот на директори како Алесандро Ечеверија.

Лапорта исто така му се јавил на Меси и му се извинил за целата ситуација, а малку подоцна Аргентинецот пристигна во градот и беше на вечера со своите пријатели Бускетс и Алба.

Семејството на Меси исто така сака да се врати во Барселона каде живеаа долги години и го сакаат градот.

Меси одбива да го продолжи договорот со ПСЖ, но на Барса ќе и биде многу тешко да ја израмни понудата. Сепак, Лапорта не се откажува и прави планови, а добрата вест е што односите се затоплуваат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Кошаркар на Мемфис испиша историја: Ова не му успеало на никој друг претходно!

Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓ Кошаркарите…