Дома Фудбал Меси побарал да се одложи неговото интервју, причината ја воодушеви Шпанија

Меси побарал да се одложи неговото интервју, причината ја воодушеви Шпанија

Фудбалерите на Барселона вчера на гости го победија Ваљадолид со 3:0 и конечно Каталонците одиграа еден добар натпревар.

Каталонскиот клуб без поголеми проблеми успеа да дојде до трите бода во Ваљадолид, а играч на натпреварот беше Меси кој успеа да постигне гол и да запише асистенција.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


После натпреварот Меси повторно се најде во центарот на вниманието поради интервјуто кое го даде за ТВ куќата „Ла Секста“.

Интервјуто требаше да биде објавено во понеделник, но во последен момент Меси му испратил порака на уредникот и побарал терминот да се помести за наредниот понеделник.

Тој објасни дека не сака интервјуто да се поклопи со терминот на хуманитарната емисија „Ла Марато“ на ТВ3 која се одржува веќе 28 години пред Божиќ и парите ги донира за лекување на разни места.

Меси не сакал неговото интервју да биде во центарот на вниманието и и хуманитарната емисија да ја гледаат помал број луѓе, па поради тоа интервјуто ќе се емитува наредниот понеделник. Со овој мал потег Меси уште еднаш ја воодушеви шпанската јавност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Tрамп се појави на Светското клупско првенство, па доби идеја за голема промена во САД!

Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно го сврте вниманието на јавноста со својата из…