Дома Фудбал Репрезентации Меси: Не се сметам за најдобар, кога натпреварот ќе започне сите сме исти

Меси: Не се сметам за најдобар, кога натпреварот ќе започне сите сме исти

Напаѓачот на Аргентина, Лионел Меси истакна дека на неговата селекција и недостасува уште малку за да биде на нивото на Франција, Германија, Бразил или Шпанија.

Меси со Барселона освои се што можеше да се освои, многумина како најголема „дамка“ гледаат во тоа што не освоил ништо со сениорската репрезентација на Аргентина.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Не се сметам за најдобар, туку само за уште еден фудбалер. Кога натпреварот ќе започне, на теренот сите сме исти“, изјави Меси.

Пред четири години Аргентина играше финале на Светското првенство, но беше поразена од Германија.

„Гаучосите“ на Мундијалот во Русија ќе играат во група со Исланд, Хрватска и Нигерија.

„Важно е да се припремиме добро, бидејќи во квалификациите моравме да се бориме до самиот крај. Мораме да бидеме силни како тим ако сакаме да победуваме и да бидеме на нивото на Франција, Бразил, Германија или Шпанија“, истакна Аргентинецот.

Аргентина првиот натпревар во Русија ќе го игра против Исланд на 16 јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …