Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Меси и Аргентина одлучуваат за својата судбина, но не се сите конци во нивни раце!

Меси и Аргентина одлучуваат за својата судбина, но не се сите конци во нивни раце!

Денес на програмата на Светското првенство во Русија се играат дуелите од 3.коло од групите Ц и Д, а сите очи ќе бидат вперени во мечот Нигерија – Аргентина.

Кампот на аргентинската репрезентација се претвори во гнездо на оси после тешкиот пораз од Хратска, но судбината им даде нова шанса на Лео Меси и компанија да стигнат до елиминациската фаза од Мундијалот. „Гаучосите“ добија подарок од Нигерија, која го победи Исланд, па вечерва во Санкт Петербург ќе се борат за место во осминафиналето.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Нигерија се наоѓа во слична ситуација, со таа разлика што победа на денешниот меч со сигурност ги носи во осминафиналето, а при реми ќе треба да се надеваат Исланд да не победи против Хрватска.

Сампаоли „преживеа“ и прави промени во тимот

Во последните денови се појавија информации дека аргентинските репрезентативци кренале бунт против селекторот Сампаоли, но од Федерацијата ги негираа шпекулациите и го поддржаа селекторот. Се очекува за овој меч Серхио Агеро да биде преселен на клупата за резерви, а на негово место во стартниот тим да биде Гонзало Игуаин.

Сампаоли ќе направи и други промени во составот. Маркос Рохо ќе биде стартер во одбраната, која во овој дуел ќе биде со четворица, а Евер Банега и Анхел ди Марија ќе бидат стартери во средниот ред. Голманот Кабаљеро кој направи големи грешки против Хрватска исто така ќе биде заменет со Франко Армани.

Нигерија сака реприза од последниот дуел

Селекторот на Нигеријците, Геронт Рор има голема самодоверба пред овој меч и ја потенцираше победата од 4:2 во пријателскиот меч одигран минатата година. Рор смета дека неговиот тим е способен повторно да ги победи „гаучосите“. Најголем адут на Африканците секако ќе биде Ахмед Муса во нападот, како и ѕвездите од средниот ред Оби Микел и Виктор Мосес.

Веројатни состави:

Нигерија: Узохо, Балагун, Трост-Екон, Омеруо, Мозес, Оби Микел, Ндиди, Идову, Етебо, Муса, Икеначо.

Аргентина: Армани, Меркадо, Отаменди, Рохо, Таљафико, Енцо Перез, Банега, Маскерано, Ди Марија, Игуаин, Меси.

Според букмејкерите Аргентина е голем фаворит. Коефициентот за победа во Coinbet24 изнесува 1.54 за реми 4.35 додека за победа на Нигерија коефициентот е 5.80.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…