Дома Трансфер зона Меси има предлог за Барса: Како замена за Иниеста го сака „моторот“ на Јувентус!

Меси има предлог за Барса: Како замена за Иниеста го сака „моторот“ на Јувентус!

Андрес Иниеста во недела го игра последниот натпревар за Барселона, а во медиумите веќе неколку имиња се поврзуваат со Барселона како потенцијални наследници на „Бледиот Витез“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Најновото име кое медиумите го поврзуваат со Барселона е – Миралем Пјаниќ! Босанецот од редовите на Јувентус според медиумите ни помалку, ни повеќе е желба на Лионел Меси.

„Калчомеракто“ кој се повикува на „Дон Балон“ тврди дека Пјаниќ е желба на првата ѕвезда на Каталонците.

Наводно, Меси е свесен за квалитетите на Пјаниќ и го сака пред играчот за врска на Тотенхем, Кристијан Ериксен и Тиаго Алкантара од Баерн.

Сепак, останува времето да покаже дали во оваа информација има некаква вистина. Треба да се спомене и дека „Дон Балон“ во Шпанија важи за медиум кој знае да пушти по некоја шпекулација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…