Дома Фудбал Меси го пронајде натрапникот во соблекувалната на Барселона

Меси го пронајде натрапникот во соблекувалната на Барселона

„Diario Gol“ пишува дека веќе со месеци од соблекувалната на Барселона изглегуваат информации и се објавваат во мадридските медиуми блиски до Реал.

Многумина мислеа дека Нејмар е шпионот, меѓутоа таа теорија падна во вода откако што информациите од екипата продолжија да се објавуваат и откако Бразилецот си замина во ПСЖ.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Истиот медиум, повикувајќи се на блиските извори, тврди дека Лионел Меси е убеден дека натрапникот е Андре Гомес. Меси се сомнева дека Гомес на својот сонародник и репрезентативен соиграч, Роналдо му ги пренесува деталите од соблекувалната, а со целата ситуација е запознаено и раководството на клубот.

Ќе биде интересно да се види како Меси и останатите соиграчи ќе се однесуваат со Гомес, а доколку целата приказна излезе точна, прашањето е колку долго Португалецот ќе се задржи на „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Леброн Џејмс размислува за заминување од Лејкерс? Еве што открива неговиот агент!

Агентот на кошаркарската ѕвезда Леброн Џејмс, Рич Пол, се огласи за гласините дека Џејмс б…