Репрезентативецот на Хрватска, Домогој Вида откри интересен детал од Светското првенство, кој до сега не беше познат за јавноста.
Хрватска на Мундијалот во Русија се пласираше во финалето, а до тој пат победија многу големи репрезентации меѓу кои и Аргентина на Лео Меси.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На прашањето чии дресови ги има, Вида изјави дека сите репрезентативци добиле дрес од Меси.
„Меси преку Ракитиќ испрати 30 дресови со негов потпис. За сите во нашата репрезентација. Му се допаднало како играме и како се бориме. Според него Хрватска играла најдобар фудбал на Мундијалот“, откри Вида.
Хрватска ја совлада Аргентина 3:0 во групната фаза, а стрелци беа Ребиќ, Модриќ и Ракитиќ.