Дома Трансфер зона Мендеш го носи Кавани во Реал Мадрид

Мендеш го носи Кавани во Реал Мадрид

Едисон Кавани е слободен агент откако му заврши договорот со ПСЖ и се уште е во потрага по нов клуб.

Најблиску беше до Бенфика меѓутоа преговорите со Португалците пропаднаа поради неговите високи барања.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Газета дело Спорт“ објави дека Кавани го одбил Јувентус и како слободен играч би можел да се пресели ни помалку, ни повеќе туку во Реал Мадрид.

Според информациите Реал Мадрид сериозно размислува да го доведе Кавани доколку ова лето успее да ги продаде Лука Јовиќ и Маријано Диаз, двајцата напаѓачи кои паднаа во втор план кај Зидан.

Медијатор на целата операција е агентот Жорге Мендеш кој е во одлични односи со „кралскиот“ клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…