Дома Топ вести Мбапе со еден потег предизвика „земјотрес“: Дали случајно го откри својот нов клуб?

Мбапе со еден потег предизвика „земјотрес“: Дали случајно го откри својот нов клуб?

Килијан Мбапе е примарна трансфер цел на Реал Мадрид, па младиот Французин и ова лето ќе биде жешка трансфер тема.

Мбапе неодамна и самиот ги засили шпекулациите откако изјави дека доколку не добие поголема одговорност би можел да ја промени средината.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Од друга страна се погласно се шпекулира дека ПСЖ ова лето ќе мора да продаде една од своите најголеми ѕвезди поради Финансискиот фер-плеј.

На сето тоа младиот Французин додатно ги „запали“ шпекулациите откако на Инстаграм почна да ги следи сите ѕвезди на Реал Мадрид.

Мбапе следи само 250 луѓе на Инстаграм, а најновите личности кои почна да ги следи се Марсело, Бензема, Серхио Рамос, Винисиус, Модриќ, Бејл, Варан…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…