Килијан Мбапе вчера стана најдобриот стрелец во историјата на ПСЖ на само 24 години, па потоа одлучи да се почести со Ферари вредно половина милион евра.
Не е ништо чудно фудбалските ѕвезди да си дозволат да поседуваат скапоцени и луксузни автомобили, но за францускиот напаѓач е проблем што тој не поседува возачка дозвола.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Мбапе го купи моделот „Ферари 488 Писта“, но ќе може да го вози дури кога ќе положи.
„Една од лошите страни на ваквиот успех на рана возраст е токму ова. Не успеав да завршам обични работи како што е полагање за возачка дозвола. За многумина тоа е обврска која се завршува на 18-19 години, но мене никогаш не ми беше приоритет и немав многу време. Поради тоа имам приватен шофер“, изјави Мбапе.
Овој автомобил на Мбапе е само уште еден во колекцијата во која има: Мерцедес Бенц ГЛЕ купе, Ауди А6, Мерцедес Бенц V-класа…