Дома Фудбал Останато Мбапе пред Звезда: Еднаш бев во Крагуевац победивме со 1:0, а јас бев стрелец

Мбапе пред Звезда: Еднаш бев во Крагуевац победивме со 1:0, а јас бев стрелец

Утревечер ПСЖ гостува во Белград каде што во рамките од Лигата на шампионите ќе игра против Црвена Звезда во шестото коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

Пред овој натпревар за медиумите зборуваше супер талентираниот Килијан Мбапе кој очекувано верува во нова победа на ПСЖ.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Покажавме дека знаеме да играме во натпреварите каде што интезитетот е голем. Очекува тоа да го покажеме и утревечер. Мораме да направиме се за да го добиеме овој натпревар. Играта од натпреварот против Ливерпул не е нашиот максимум“.

„Кога во прашање е соработката со Нејмар, таа е е на се поголемо ниво. Нејмар е голем играч. Ќе ги покаже своите квалитети и се надевам дека ќе ни помогне да оствариме добар резлтат“, изјави Мбапе потоа и откри дека еднаш бил во Србија.

„Доаѓањето во Србија е ново искуство лично за мене. Всушност бев во Крагуевац. Победивме 1:0 и јас дадов гол. Очекуваме пеколна атмосфера“, заврши Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Страшна трагедија: Двајца натпреварувачи починаа на ист маратон

Двајца тркачи го загубија животот за време на денешниот полумаратон во казахстанскиот град…