Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе изјави дека во иднина се гледа себеси во тој клуб и го потврди својот „сон“ за учество на Олимписките игри во Париз во 2024 година.
„Во Пари Сен Жермен. Имам договор со Пари Сен Жермен“, изјави Мбапе на прашањето каде се гледа себе во иднина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во мај 2022 година, овој 24-годишен француски напаѓач го продолжи договорот со ПСЖ до 2025 година, со опција за продолжување на соработката за уште една сезона. Запрашан за неговите следни цели, Мбапе рече дека сака да ја освои Лигата на шампионите.
„Веќе играв во финалето (пораз од Баерн 2020), поминав полуфинале, четвртфинале, осминафинале… Направив се, освен освојување на Лигата на шампионите. Тоа е она што ми недостасува. Се надевам дека тоа ќе дојде што е можно поскоро“, изјави Мбапе.
Зборувајќи за Олимписките игри, кои се закажани од 26 јули до 11 август 2024 година, Мбапе ја повтори желбата да учествува.