Дома Фудбал Мбапе го тужи ПСЖ

Мбапе го тужи ПСЖ

Килијан Мбапе ова лето го комплетираше трансферот во Реал Мадрид, но според последните информации би можел да започне „војна“ со Пари Сен Жермен.

Мбапе се  уште нема добиено дел од парите заработени во ПСЖ во последните три месеци од договорот со парискиот клуб, но и дел од договорениот бонус.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Неговиот однос со парижаните веќе не е толку добар, па реши да го потсети поранешниот клуб на свој начин – со тужба.

Претходно беше објавено дека Мбапе не ја добил платата за април, мај и за јуни и дел од бонусот од 80 милиони евра, ветени за потпишување на продолжувањето на договорот.

Адвокатскиот тим на Мбапе за ова ги известил УЕФА, Француската фудбалска федерација (ФФФ) и раководството на лигата. Наводно, побарувањата на новиот играч на Реал против стариот клуб изнесуваат 55 милиони евра.

Она што може да биде најлошо за ПСЖ е дека доколку бидат прогласат за виновни, а тоа е речиси неодминливо, францускиот клуб се соочува со ризик да биде исфрлен од Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…