Дома Фудбал Лига на шампиони Мбапе вчера се изедначи со „стариот“ Роналдо, но му беа потребни скоро двојно помалку натпревари

Мбапе вчера се изедначи со „стариот“ Роналдо, но му беа потребни скоро двојно помалку натпревари

Во вчерашниот натпревар помеѓу Манчестер Јунајтед и Пари Сен Жермен кој Французите го добија со 0:2 стрелец на еден од погодоците беше Килијан Мбапе.

Вториот погодок на ПСЖ беше дело на Мбапе, а со тој Французинот се изедначи со легендарниот Бразилец Роналдо.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


За Мбапе голот против Манчестер Јунајтед беше 14-ти во ова натпреварување со што се изедначи со Роналдо. Супер талентираниот Французин до ова достигнување стигна со 24 одиграни натпревари во дресот на Монако и ПСЖ (две ипол сезони).

https://www.youtube.com/watch?v=TqIeaG-c5ek

Од друга страна на Роналдо му беа потребни 40 натпревари и шест сезони во најелитното европско натпреварување, една со Интер и пет со Реал Мадрид.

Податокот за Мбапе значи дека постигнува погодок на секои 129 минути во ЛШ и ако продолжи со такво темпо, па дури и да е нешто послабо во следните години дефинитивно ќе продолжи да испишува нови страници.

Најефикасни стрелци во Лигата на шампионите засега се Кристиано Роналдо кој има 121 погодок на 158 натпревари и Лионел Меси со 106 голови на 129 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…