Дома Топ вести Мбапе во Реал Мадрид… но од 2020 година

Мбапе во Реал Мадрид… но од 2020 година

1

Ѕвездата на Пари Сент Жермен, Килијан Мбапе се уште е во плановите на Реал Мадрид, тврдат шпанските медиуми.

„Светците“ готово сигурно ќе успеат да ја задржат 20-годишната суперѕвезда ова лето во своите редови. Меѓутоа, од „Сантиаго Бернабеу“ се надеваат дека следното лето ќе успеат да го купат Мбапе.

„Раководството на Реал ќе направи се за да го убеди Мбапе да не потпишува нов договор со ПСЖ. Актуелниот договор му истекува во 2023 година“, пишува весникот „АС“.

Ова лето Реал веќе потроши 300 милиони евра, па од финансиска гледа точка и на „кралевите“ им одговара трансферот да се реализира следната година.

„АС“ тврди дека тоа најверојатно ќе биде рекорден трансфер во фудбалот и ќе чини помеѓу 250 и 300 милиони евра.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Нејмар го избра својот идеален тим и предизвика лавина коментари (фото)

Најскапиот фудбалер на светот, Нејмар во разговор за шпанските медиуми го избра својот иде…