Како и да заврши оваа сезона, Едисон Кавани ќе го напушти ПСЖ после неколку години во Париз.
Кавани во изминатите неколку месеци се поврзуваше со неколку клубови. Најава каде би можел „Ел Матадор“ да ја продолжи кариерата даде неговата мајка, Берта Гомез. Таа во изјава за ургвајскиот „Овасион“ откри дека Кавани го бараат повеќе клубови, но дека него најмногу му се допаѓа Шпанија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Многу клубови се зантересирани за него. Добива понуди од повеќе страни. Му останаа уште три месеци време да размисли. Во овој момент размислува само за останување во Европа, најмногу му се допаѓа Шпанија“, изјави Берта.
Најдобриот стрелец во историјата на ПСЖ со 200 постигнати голови во текот на зимскиот преоден рок беше блиску до Атлетико Мадрид, но преговорите пропаднаа затоа што двете страни не се договорија околу цената.