Дома Останати Кошарка НБА Мајами направи брејк и израмни во серијата против Бостон

Мајами направи брејк и израмни во серијата против Бостон

Минатогодишниот финалист во НБА лигата, Мајами хит е третиот тим кој направи брејк во една од сериите од првата рунда на плејофот.

Екипата од Флорида успеа да израмни на 1:1 против Бостон откако славеше со 111:101. Мајами до победата дојде пред се благодарение на одличниот шут од дистанца. Гостите успеаа да погодат 23 тројки од 43 шута. Во второто полувреме имаа и цврста одбрана, па така најдобрата офанзивна екипа ја запреа на само 40 поени.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За разлика од гостинските кошаркари, во Бостон не беа толку сигурни и погодија само 12 тројки од 13 шута и уште во вториот натпревар ја загубија предноста на домашниот терен. Селтикс во регуларниот дел од сезоната беа најдобриот тим во лигата и на свој терен имаа само четири порази во 41 натпревар.

Најефикасен кај Мајами беа Тајлер Хиро со 24 поени и 14 асистенции, потоа Адебајо додаде 21 поени и 10 скока, додека на спротивната страна Браун го заврши мечот со 33 поени, додека Тејтум уфрли 28.

Оклахома во вториот натпревар лесно се справи со Њу Орлеанс (124:92) и така дојде до водство од 2:0 во серијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Јокиќ добива супер соиграч: Рекордерот во НБА го засилува Денвер!

Никола Јокиќ и Денвер добиваат одлично засилување, нов член на шампионот во НБА од 2023 го…