Челзи синоќа го победи Милан на „Сан Сиро“ со 2:0, сепак после мечот главна тема е судењето на главниот судија Даниел Зиберт.
Зиберт во 18-та минута досуди пенал за Челзи и му даде црвен картон на Томори, после еден спорен контакт во казнетиот простор.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Мејсон Маунт над кого беше направен пеналот изјави дека и тој се изненадил од престрогата одлука на германскиот судија.
„Мислам дека исклучувањето на Томори беше престрого. Можеби имаше контакт за пенал, но искрено и јас бев изненаден бидејќи останав на нозе и можев да шутирам. Ми беше тешко што Фик се најде во таква ситуација, не заслужи црвен картон“, изјави Маунт.