Еден од најискустните фудбалери на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ даде свое видување за работата на тренерот Оле Гунер Солскјер.
31-годишниот играч за врска на почетокот не добиваше минутажа кај Солскјер, но во последно време се избори за место во стартниот тим.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Матиќ тврди дека Солскјер сега е многу подобар тренер во споредба пред една година, кога седна на клупата на „Олд Трафорд“.
„Оле се развива секој ден. Станува се подобар и подобар со секој изминат ден. Тој е многу подобар менаџер од пред една година, тој ги познава сите играчи, знае што треба да прави пред секој натпревар и искуството е многу важно во оваа работа“, истакна Матиќ.