Немања Матиќ во победата на Србија имаше интересен пат, после неубедливото прво полувреме, одигра одлично во вториот дел.
На крајот беше еден од најдобрите поединци на натпреварот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Се надевам дека ја израдувавме нацијата“, беше првиот коментар на Матиќ.
Асот на Манчестер Јунајтед истакна дека не било лесно да се победи.
„Не знам кој очекуваше лесна победа, ние не го очекувавме тоа. Тука се најдобрите селекции во светот, секој натпревар е борба, секој натпревар е вистинска војна. Знаевме дека Костарика има квалитетот, знаевме и ние што можеме. Заслуживме повеќе од 1:0“.
Финишот од натпреварот донесе и еден дуел на Матиќ со луѓето од табороот на Костарика.
„Не им дозволивме да не провоцираат. Тие се фанатаци, селекциите од тој дел на светот знаат да се служат со валкани трикови, но ние покажавме дека не сме мекуши“, заклучи Матиќ.