Дома Фудбал Лига на шампиони Матеус го нападна Гвардиола: Им го украде на навивачите трофејот од ЛШ

Матеус го нападна Гвардиола: Им го украде на навивачите трофејот од ЛШ

Легенарниот германски фудбалер, Лотар Матеус жестоко го критикуваше Гвардиола после поразот во финалето од Лигата на шампиони.

Сити загуби во финалето од Челзи, а Гвардиола повторно експериментираше со составот.

Матеус смета дека Пеп со тоа им ја „украл“ титулата на навивачите и мора достојно да ги трпи критиките.

„Со својата постава тој им ја украде Лигата на шампионите на клубот и навивачите, сега со право мора да ги слуша острите критики од сите страни. Сигурен сум дека ќе има внатрешни дискусии за тоа дали ќе се разделат од него. Играчите ќе се сомневаат во него после ова финале“, смета Матеус.

„Како може да играте без дефанзивен играч за врска во најважниот меч во клупската историја и така да го изгубите балансот. Зошто ги изостави Родри и Фернандињо, тргна со шест офанзивци и играше без напаѓач“, додаде Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Aгуеро по трансферот во Барселона си купи ново „Ферари“ 📸

Искусниот аргентински напаѓач Серхио Агуеро стана нов член на Барселона и веднаш реши да с…