Марко Матераци долги години го носеше дресот на Интер и достигна легендарен статус на „Џузепе Меаца“.
Матераци е омилен кај навивачите на Интер, но признава дека неговиот син Давиде е навивач на градскиот ривал Милан.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Мојот син секогаш сакал да оди контра. Еден ден пред дербито, имав состанок во тренинг-центарот во Пинетина и тој беше со мене. Кога требаше да тргнеме тој се појави со дрес на Милан со презимето Матераци на грбот. Тоа беше подарок од Масимо Амброзини. Го молев да не оди така со мене, но имаше шест и пол години и нормално дека го пуштив“, открива Матераци.
„Три часа шетавме низ Милано со таков дрес, еден ден пред дербито. Тоа беше кошмар. Јас не сум човек што лесно се посрамотува, но тоа беше лошо. „Матераци полудел“, ги слушав коментарите. Миланистите ми се смееја“, открива Матераци во интервју за „Газета дело спорт“.