Дома Трансфер зона Марсело се огласи откако доби отказ во бразилскиот гигант

Марсело се огласи откако доби отказ во бразилскиот гигант

Поради ситуацијата која се случи во текот на измената во натпреварот во кој Фламиненсе и Гремио одиграа 2:2 најстариот бразилски клуб ја раскина соработката со Марсело (36).

Марсело и тренерот на Флуминенсе Мано Менезес имаа конфликт при измената на играчи. Поради тоа бразилскиот ас место на теренот беше вратен на клупата, а на крајот и му беше раскинат договорот.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во текот на изминатата вечер Марсело го потврди отказот така што се заблагодари на клубот, соиграчите и навивачите, а потсети и дека има емоционална врска со бразилскиот гигант со кој и ја освои Коп Либертадорес која беше прва во историјата на клубот.

Иако не замина на најдобар начин тој не остави ниту еден лош коментер во објавата. На неговата објава со коментар се јави и неговиот поранешен соигач од Реал Мадрид, Лука Модриќ кој кратко му коментираше: „Најдобар“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер повторно доведува бесплатно засилување од Наполи?

Голманот на Наполи, Алекс Мерет би можел да го напушти клубот на крајот на сезоната. Чувар…