Дома Трансфер зона Марота се сели во Интер: Веќе работи на два „бомбастични“ трансфери

Марота се сели во Интер: Веќе работи на два „бомбастични“ трансфери

Тоа што се најавуваше во изминатите денови, сега доби и официјална потврда. Бившиот спортски директор на Јувентус се сели во редовите на Интер.

Денес Марота и самиот призна дека е блиску до директорското столче на миланскиот гигант, а медиумите откриваат дека веќе работи на два големи трансфери.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Првата цел е Антони Марсијал од Манчестер Јунајтед. Французинот игра одлично оваа сезона но се уште нема ставено потпис на нов договор со клубот од „Олд Трафорд“, па Марота сака да ја искористи таквата ситуација и да го донесе на „Џузепе Меаца“.

Другата мета е Лука Модриќ кого Интер го сакаше уште во летниот преоден рок. Хрватот остана во Мадрид, но не доби нов договор и игра под своето ниво оваа сезона, па најверојатно ја игра последната сезона во „кралскиот“ дрес.

Реал на лето сака да го реновира тимот и е спремен да го пушти Модриќ, а Марота работи на договор со агентите на фудбалерот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …