Дома Фудбал Англија Марко Грујиќ дозна каде ќе ја мине следната сезона: Ливерпул или Кардиф?!

Марко Грујиќ дозна каде ќе ја мине следната сезона: Ливерпул или Кардиф?!

Марко Грујиќ конечно дозна каде ќе ја мине кариерата оваа сезона.

Изминатата сезона Марко Грујиќ не се наигра во Ливерпул, па вториот дел од сезоната го мина во Кардиф со кој успеа да избори пласман во Премиер лигата.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Оваа сезона конкуренцијата во екипата на Ливерпул исто така е силна, постојат голем број фудбалери кои можат да одговорат на барањата на средината на теренот и по се судејќи, Грујиќ ќе остане меѓу нив.

Тоа го потврди и Нил Ворнок, тренерот на Кардиф, екипата која повторно го сакаше Грујиќ во своите редови.

„Имавме се договорено со Ливерпул, пропуштив дури и да донесам некои играчи бидејќи го чекав него“, истакна разочараниот Ворнок.

„Изгледа дека тој ќе остане каде што е, има проблем со договорот и потполно го разбирам“, истакна Ворнок.

Така што, Грујиќ останува во Ливерпул барем овој прв дел од сезоната кога екипата ќе игра на четири фронта и кога би можел да собере одреден број натпревари за полусезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нереди во Белград пред почетокот на српската Суперлига (Видео)

Српската фудбалска Суперлига стартува денеска, но фудбалската атмосфера во Белград беше на…