Дома Фудбал Марка: Роналдо е во големи проблеми

Марка: Роналдо е во големи проблеми

Бразилецот Роналдо е во проблеми, пишува Marca. Тој имал големи проблеми со два клуба во кои тој е мнозински сопственик.

Во Ваљадолид навивачите протестираат против него, во Крузеиро е во серија од осум натпревари без победа.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Роналдо стана мнозински сопственик на Ваљадолид во септември 2018 година, откако купи 51 отсто од акциите.

Во декември 2021 година, тој ја презеде контролата над Коринтијанс, клубот во кој ја започна својата кариера и инвестираше 70 милиони долари во него.

Неодамна дојде до промена на тренерот во бразилскиот клуб. Таму најпрвин работеше Пауло Пецолано, кој сега е во Ваљадолид, него го замени Пепа, а сега е устоличен и Зе Рикардо. Клубот е во најлошата серија откако го презеде прославениот Бразилец, пет бода над зоната за испаѓање. Лошите резултати ги принудија навивачите да критикуваат и протестираат.

Слично е и во шпанскиот клуб. Иако го спаси од банкрот, клубот е во долниот дел од шпанската второлигашка табела, а Роналдо е на удар на навивачите. Со оглед на неговата моментална форма и ситуација, Марка заклучува дека работите би можеле да добијат уште полош тек за него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кејн: Ова е една од најдобрите англиски селекции во историјата

Капитенот на фудбалската репрезентација на Англија, Хари Кејн, изјави дека актуелниот сост…