Дома Трансфер зона „Марка“ објави колку ќе заработува Рамос во ПСЖ

„Марка“ објави колку ќе заработува Рамос во ПСЖ

ПСЖ потпиша договор со Серхио Рамос, кој доаѓа во Франција како слободен фудбалер откако му заврши соработката со Реал Мадрид, каде што играше во претходните 16 години.

Клубот од Париз му ги исполни барањата на шпанскиот дефанзивец, кој потпиша двегодишен договор и ќе заработува по 12 милиони евра по сезона.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Во последните две години поради пандемијата Рамос во Реал мораше да зема плата помала за 10 проценти, но тоа нема да се случи кај богатите парижани.

Шпанскиот дефанзивец се очекува да го крене квалитетот во одбраната на ПСЖ, кој следната сезона сака конечно да ја освои Лигата на шампиони, откако не успеа во претходните сезони и покрај големите инвестиции и купување на скапи фудбалери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…