Дома Фудбал „Марка“: Меси не се враќа во Барселона, не го заборава предавството од Лапорта

„Марка“: Меси не се враќа во Барселона, не го заборава предавството од Лапорта

Лионел Меси оваа сезона конечно започна да игра на високо ниво откако првата сезона во ПСЖ му беше очајна.


Германија пред елиминација!? - 8 ден ↓↓↓



Неодамна се појави информација дека Меси би можел да се врати во Барселона, сепак шпанска „Марка“ ги демантира ваквите информации. Според информациите на овој медиум Меси не го заборава предавството направено од страна на Лапорта.

„Нема многу шанси Меси да се врати во Барселона. Што и да кажат луѓето од Барселона, прво мора да се праша Меси. Досега никој не му пристапил и сериозно да разговара на оваа тема. Некој треба да го убеди Меси да се врати во Барселона, а тоа е тешко. Ако челниците на Барселона заборавија како си замина треба да ги потсетиме“.

„Меси си замина против своја волја и со солзи. Тој смета дека Лапорта го изневери. Лапорта имал договор да остане, но се предомисли во последен момент, не беа во прашање некакакви забрани од Ла Лига. Меси тоа не го заборава“, пишува Марка.

Со ПСЖ Меси има договор до крајот на сезоната, меѓутоа веќе пишува за понуда од ПСЖ за нов договор – ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Косово на подарок ќе добие стадион од Катар

ЕКСКЛУЗИВНО: 50 БЕСПЛАТНИ СПИНОВИ БЕЗ ДЕПОЗИТ - РЕГИСТРИРАЈ СЕ НА МОЦАРТ! По Мундијалот во…