Дома Фудбал Останато Марио, пак ли?! – Балотели пред тренерот ги навредувал соиграчите!

Марио, пак ли?! – Балотели пред тренерот ги навредувал соиграчите!

baloteli

Балотели не е задоволен од тоа како игра неговиот тим.

Италијанскиот фудбалер, Марио Балотели беше уловен на камера како се жали на својот тренер и ги навредува соиграчите. Тој видео клип се рашири на интернет, но многу брзо беше избришан.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ница започна да бележи добри резултати и непоразени се на последните пет натпревари, што ги доведе до горниот дел од табелата, но најголемата ѕвезда на овој тим и понатаму е незадоволна.

Балотели му на својот тренер му зборувал дека неговите соиграч играат многу лошо, дека се „неспособни“ и дека не можат да сврзат две додавања. Од него се очекува да постигне гол, но Балотели ги обвинува дека не можат да му додадат вистински пас.

Патрик Виера е свесен дека неговиот тим може многу подобри, но и дека веројатно ќе мора да го продаде Балотели.
Марио не ја крие желбата да замине во како што тој кажува некој поголем клуб, а враќање во Италија би било одлично за него. Оваа сезона одигра само 10 натпревари, поголем дел од стартот на сезоната пропушти поради обидот да издејствува трансфер во Марсеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Баерн преку Арсенал до полуфинале🎥

Баерн Минхен обезбеди полуфинале во Лигата на шампиони откако со минимални 1:0 славеше про…