Дома Фудбал Манџукиќ останува верен на „старата дама“

Манџукиќ останува верен на „старата дама“

Шпекулациите за иднината на Марио Манџукиќ наскоро ќе прекинат со оглед на фактот што хрватскиот напаѓач ќе остане верен на „старата дама“.

„Тутоспорт“, весник близок до Јувентус пренесува дека двете страни постигнале договор и наскоро Манџукиќ ќе стави потпис на нов договор.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Со новиот договор напаѓачот ќе добие значително подобри финансиски услови и истиот ќе биде продолжен на уште две години.

Актуелниот договор на Манџукиќ истекува во јуни 2020 година и според него Хрватот годишно заработува 3,5 милиони евра, плус бонуси.

Наскоро Хрватот ќе стави потпис на нов договор до 2021 година според кој ќе заработува 5 милиони евра по сезона, открива „Тутоспорт“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Луда драма: Седум репрезентации ќе се борат за три места кои носат директно на СП во последното коло!

Одлучувачко коло во квалификациите носи неверојатна драма. Седум репрезентации се борат за…