Дома Топ вести Манчестер Јунајтед ја сака новата данска ѕвезда

Манчестер Јунајтед ја сака новата данска ѕвезда

Манчестер Јунајтед е последниот клуб кој се приклучи во трката за потписот  на напаѓачот на Аталанта, Расмус Хојлунд.

19-годишниот Данец игра одлично од почетокот на сезоната, а беска и на натпреварите за репрезентацијата. Хојлунд постигна пет гола за Данска на два настапи во последните три дена.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед е во потрага по класичен напаѓач и верува дека Хојлунд е идната ѕвезда на светскиот фудбал и може многу години да го предводи нападот.

„Црвените ѓаволи“ сакаат да ја победат конкуренцијата бидејќи за младиот Данец интерес покажуваат уште Арсенал, Милан и Барселона.

Хојлунд минатото лето пристигна во Аталанта како голем талент за 15 милиони фунти, но неговата цена драстично порасна после оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…