Манчестер Јунајтед е последниот клуб кој се приклучи во трката за потписот на напаѓачот на Аталанта, Расмус Хојлунд.
19-годишниот Данец игра одлично од почетокот на сезоната веќе постигна 5 гола на последните 8 меча во Серија А.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Манчестер Јунајтед е во потрага по класичен напаѓач и верува дека Хојлунд е идната ѕвезда на светскиот фудбал и може многу години да го предводи нападот.
„Црвените ѓаволи“ сакаат да ја победат конкуренцијата бидејќи за младиот Данец интерес покажуваат уште Арсенал, Милан и Барселона.
Хојлунд минатото лето пристигна во Аталанта како голем талент за 15 милиони фунти, но неговата цена порасна повеќе од двојно.