Приоритет на Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен централен напаѓач, пренесуваат медиумите на Островот.
Едисон Кавани на лето ќе го напушти клубот, Марсијал најверојатно ќе биде продаден кога ќе му заврши позајмицата, а клубот повеќе не смета на Мејсон Гринвуд.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Поради тоа клубот сака да донесе врвен напаѓач, а најновото име на списокот е ѕвездата на Наполи, Виктор Осимен.
„Црвените ѓаволи“ веруваат дека Нигериецот идеално ќе се вклопи во неговиот тим, бидејќи веќе ја покажа својата класа во Серија А.
Сепак, Наполи нема лесно да се откаже од него и за слободата на Осимен бара најмалку 80 милиони евра.