![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2022/09/абрахам-1.jpg)
Примарна цел на Манчестер Јунајтед во зимскиот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач, а најновот име на списокот е Тами Абрахам.
Aнглискиот напаѓач Тами направи вистински потег со трансферот во Рома каде се промовираше во еден од најдобрите млади напаѓачи во Европа.
Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓
Минатата сезона Абрахам во дресот на Рома постигна 24 гола и 5 асистенции во сите натпреварувања и со тоа веднаш го привлече интересот на бројни клубови.
Најсилен интерес за Абрахам покажува Манчестер Јунајтед, бидејќи приоритет на Тен Хаг е доведување на централен напаѓач.
Јасно е дека Рома нема лесно да се ослободи од својата ѕвезда, но Јунајтед е спремен да понуди 80 милиони фунти.