Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед се засилува од градскиот ривал

Манчестер Јунајтед се засилува од градскиот ривал

Англискиот репрезентативец Калвин Филипс сигурно ќе го напушти Манчестер Сити во јануари и за него интерес покажуваат многу клубови ширум Европа.

Сега во трката за неговиот потпис се вклучи и Манчестер Јунајтед. Англиските медиуми пренесуваат дека Тен Хаг го посочил како приоритет фудбалерот на градскиот ривал Манчестер Сити.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Филипс нема иднина на „Етихад“ и сака да ја промени средината во јануари, а последните информации се дека преферира трансфер на „Олд Трафорд“.

Прашање е дали „граѓаните“ ќе сакаат да го пуштат фудбалерот во градскиот ривал, бидејќи за него интерес покажуваат уште Њукасл и Јувентус.

Меѓутоа, самиот Филипс го избрал Манчестер Јунајтед како следна дестинација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…