Oва лето Манчестер Јунајтед потроши најмногу пари од клубовите од Премиер лигата во летниот преоден рок.
Јунајтед потроши 150 милиони фунти, но таа сума е толку голема најмногу поради трансферот на Хари Мегваер кој „ѓаволите“ со 87 милиони фунти го направија најскап дефанзивец во историјата.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Во вчерашниот последен ден од преодниот рок Јунајтед го продаде Ромелу Лукаку во Интер за (65 милиони евра + 13 како бонуси). Навивачите на овој клуб не се задоволни од тоа како раководството го одработи преодниот рок, посебно не од офанзивниот дел каде што се најавуваа имиња како Милинковиќ-Савиќ, Бруно Фернандеш, Дибала, Манџукиќ...Меѓутоа големо име во овој дел од тимот не дојде.
Фановите дури започнаа и да ги палат дресовите во знак на револт тие не веруваат дека овој тим на Солскјер има големи шанси за подобра од претходната.
„Разочаран сум. Мојот клуб е за потсмев поради Вудворд. Во новата сезона ќе биде наутрален затоа што не сакам да бидам сведок на уште еден ужас“, објави еден навивач на Твитер покрај видеото на кое се гледа како го пали дресот на англискиот гигант.
Dear @ManUtd . I'm heartbroken. My beloved club has become a laughing stock all because of that man #Woodward. I'm watching the coming season as a neutral. I've no strength to witness the repeat of last season ?? #WoodwardOut pic.twitter.com/XoMchM7efN
— GloryBoy® (@OttisSnr) August 8, 2019