Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед и нуди трампа на Барселона

Манчестер Јунајтед и нуди трампа на Барселона

Манчестер Јунајтед е заинтересиран за играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг, пренесуваат шпанските медиуми.

Новиот менаџер Тен Хаг спрема голема реконструкција на тимот, примарна цел ќе биде доведување на квалитетн играч за врска, а најголема желба е токму Де Јонг.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Холанѓанецот одлично го познава Де Јонг бидејќи заедно работеа во Ајакс и плејмејкерот својата фудбалска афирмација ја доживеа токму под негово раководство.

Барселона е во финансиски проблеми, па Јунајтед ќе се обиде до богата понуда да ги убеди Каталонците, иако во моментов тие не сакаат да го продадат 24-годишниот Де Јонг.

Англиските медиуми пренесуваат дека Јунајтед е спремен да понуди и трампа, така што на Камп Ноу ќе го испрати Рашфорд и одредена сума пари за потписот на Де Јонг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…