Манчестер Јунајтед е заинтересиран за плејмејкерот на Реал Мадрид, Брахим Дијаз, кој е на позајмица во Милан.




Шпанецот е во сопственост на Реал Мадрид, но веќе трета сезона е на позајмица во Милан. Италијанскиот клуб може да го купи Дијаз за 22 милиони евра на крајот на сезоната, но Реал има опција да го врати за 5 милиони евра повеќе.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Наводно „кралевите“ веќе го известиле Милан дека сакаат да го вратат Шпанецот во своите редови и ќе ја платат разликата од 5 милиони евра.




Реал се одлучил на таков чекор бидејќи цената на Брахим Дијаз е повисока во моментов и Манчестер Јунајтед е спремен да плати 35 милиони евра за неговиот потпис.




Тен Хаг верува дека Шпанецот одлично ќе се вклопи во неговиот стил на игра и сака да го донесе на „Олд Трафорд“.