Манчестер Јунајтед планира да го испрати дефанзивецот Ерик Баи на позајмица за следната сезона.
Најсилен интерес за 26-годишниот дефанзивец покажува Валенсија, па Баи би можел да се врати во Примера.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Честите повреди го одбележаа целиот престој на Баи во „Олд Трафорд“. Дефанзивецот го загуби местото во првиот тим и сака да ја промени средината за да има поголема минутажа.
Солскјер оваа сезона им дава доверба на Мегваер и Линделоф, притоа планира да купи уште еден дефанзивец ова лето.
Поради тоа Јунајтед е спремен да му дозволи на Баи да замине ова лето, притоа е спремен да го пушти на позајмица со право на откуп.