Дома Фудбал Англија Ерик Баи сака да го напушти Манчестер Јунајтед

Ерик Баи сака да го напушти Манчестер Јунајтед

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед Ерик Баи порабал разговор со раководството на клубот за да разговара за својата иднина.

27-годишниот фудбалер не е прв избор кај Солскјер, а со доаѓањето на Варан неговата минутажа додатно ќе се намали.

Поради тоа Баи сериозно размислува да ја промени средината ова лето. Јунајтед има голем број на дефанзивци, па е спремен да му ја отвори излезната врата.

Меѓутоа, „црвените ѓаволи“ се во цврста позиција за евентуален трансфер бидејќи Баи има договор до 2024 година, па за него ќе бара околу 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Преку четири години се играше врвен фудбал, а денес на стадионот ѓубре, тревник, урнатини… (Видео)

На југот на Франција се наоѓа стадион кој до пред неколку години беше место на собирање на…